Едукативна работилница

Учениците со своите наставници од ПООУ „Браќа Миладиновци“ од с.Текија и с.Мршевци присуствуваа на едукативна работилница со теми:
1️⃣ Градба и функција на оралната празнина
2️⃣ Правилна исхрана
3️⃣ Орална хигиена
4️⃣ Посета на стоматолог
Работилницата ја реализираше д-р Анета Лазарова, која на интересен и разбирлив начин им објасни на учениците како правилно да се грижат за своите заби и орално здравје. 👩‍⚕️🪥
На настанот учествуваа сите ученици од прво до петто одделение, кои со големо внимание и љубопитност ги следеа активностите.
Благодарност до д-р Анета Лазарова за корисната и инспиративна средба! 🙏

Галерија