Учениците од второ одделение преку креативна проектна задача на часот по Природни науки научија како правилно да го селектираат отпадот.
Селектирањето на отпадот е важен чекор кон зачувување на нашата планета. Со правилно одвојување на отпадот, придонесуваме за почиста околина и повторна употреба на материјалите.
Еко проектите ја развиваат свеста кај децата за одговорно однесување кон природата. Тие нè учат дека секој мал чекор кон екологијата има големо значење за иднината!
Одд.наставник: Драгица Апостоловска