Интернационална конференција

Ни претставува големо задоволство што претставник од нашето училиште, предметниот наставник и наставник-ментор Емилија Стојановска, во улога на еТвининг амбасадор, присуствуваше на престижната меѓународна конференција „Ambassadors in Action: Building Communities with Skills for Life“, која се одржа во Краков, Полска, во организација на Централниот сервис за поддршка.
Настанот ги обедини наставниците од цела Европа со цел зајакнување на компетенциите во областа на писменоста, математиката, науката, дигиталните вештини и активното граѓанство — теми кои се клучни за современото образование и развој на учениците во духот на европските вредности.
✨ Стекнатите знаења, искуства и добри практики ќе бидат споделени со останатите колеги, придонесувајќи кон плодна размена на идеи, унапредување на наставната практика и зголемена информираност за современите текови во образованието.
Горди сме што нашето училиште е дел од европската мрежа која гради иновативни, инспиративни и поврзани образовни заедници подготвени за позитивни промени!

Галерија