Како да го стимулираме развојот на интелигенцијата и говорот кај децата?

По повод Светскиот ден на менталното здравје и во рамките на активностите за Неделата на детето, во нашето училиште се одржа едукативно предавање на тема:
„Како да го стимулираме развојот на интелигенцијата и говорот кај децата?“🙋‍♂️
 
На предавањето присуствува родители, наставници, претставници од Советот на родители, како и претставници од градинката „Гоце Делчев“ клон Миладиновци.
 
Предавањето го реализираше Драгица Апостоловска, професор по одделенска настава.Преку интересна и содржајна презентација ги запозна присутните со начини како родителите и наставниците можат активно да влијаат на интелектуалниот и говорниот развој на децата уште од најрана возраст.
 
Активноста имаше за цел да ја поттикне свеста за значењето на менталното здравје, правилниот развој и навремената поддршка на децата во нивниот раст и учење.

Галерија