Подари насмевка

Активност „Подари насмевка“ – чекор кон нови доживувања! 🌟
Во рамки на Детската недела, учениците од прво до петто одделение учествуваа во акцијата „Подари насмевка“, при што со љубов им ги подарија своите играчки на помалите другарчиња од градинката ЈОУДГ „Гоце Делчев“ Илинден.
Овој гест на споделување носи длабока симболика – разделувањето од играчките не значи збогување со детството, туку преминување во нова фаза исполнета со знаење, пријателства и нови искуства. 💫
Играта не завршува – таа само се преобразува во нови моменти преку кои децата растат, учат и го откриваат светот со отворено срце. ❤️

Галерија