Активност - Кутија на пријателство

Во рамки на Детската недела, учениците од Ученичкиот парламент реализираа топла и инспиративна активност – Кутија на пријателството.
Со многу љубов и креативност, тие напишаа пораки и совети за нашите првачиња, охрабрувајќи ги да веруваат во себе, да бидат љубопитни, храбри и добри пријатели. ✨
Работата на Ученичкиот парламент има особено значење – таа ги учи децата на одговорност, емпатија и соработка. Поголемите ученици стануваат пример и поддршка за помалите, покажувајќи дека училиштето е место каде пријателството, почитта и меѓусебното охрабрување се највредните лекции што ги учиме. 💫

Галерија