Активност - Сложувалка

Денеска, во рамки на Детската недела, учениците од петто одделение од подрачните и централното училиште, реализираа креативна и едукативна активност со наслов „Сложувалка“.
Петтоодделенците со многу љубов изработија сложувалка за своите помали другарчиња – првачињата, со логото и мотото на овогодинешната детска недела:
🧩 „Детето денес – иднината утре“
Малите ученици со возбуда ги бараа делчињата низ училницата и заедно ја составија сложувалката, запознавајќи се на забавен начин со значењето на мотото.
Оваа активност уште еднаш потврди колку е важна соработката и меѓусебната поддршка меѓу учениците – „најголемите од одделенска им помагаат на најмалите“, создавајќи атмосфера на заедништво, грижа и пријателство. 💕

Одговорни наставници:
Габи Николовска
Марина Петкова

Ана Симовска
Ленче Крстевска

Габриела Младеновска
Сунчица М. Јаневска

Галерија