Богатството на народната мудрост

Во рамките на проектот Меѓуетничка интеграција во образованието, учениците од нашето училиште заедно со учениците од збратименото училиште ООУ „Кочо Рацин“ – Петровец, ПОУ Огњанција реализираа активноста за месец септември, посветена на познати поговорки и традиционална песна преведена на повеќе јазици.

Преку оваа активност, учениците имаа можност да се запознаат со богатството на народната мудрост и убавината на изразот преку зборот и песната. Поговорките и традиционалните песни се мост помеѓу генерациите, тие ја чуваат културата, идентитетот и духовното наследство на секој народ.

Ваквите активности потсетуваат дека зборот има сила да поврзува, а традицијата живее тогаш кога ја пренесуваме на помладите со љубов и почит.

Во реализацијата на активнoста учествуваа и родители на учениците од деветто одделение како дел од проектот Соработка со родители.

Одговорни наставници:
Андриана Митевска
Nazmi Maloki 
Merita Imeri

Галерија