✨ Работилница со родители – „Што му посакувам на моето дете“ ✨
Во рамките на Детската недела, во централното училиште и подрачните училишта денес се реализираше првата активност во одделенската настава со учениците од прво одделение – работилница со родители на тема „Што му посакувам на моето дете“. 💬👩👧👦
Оваа активност беше исполнета со емоции, искреност и многу љубов. Родителите имаа можност да ги изразат своите желби, соништа и надежи за иднината на своите деца, а децата – со љубопитност и насмевка – ги слушаа нивните зборови. 💖
Ваквите средби потсетуваат дека соработката помеѓу родителите и училиштето е клучна за правилен раст и развој на детето.
Кога родителите активно се вклучуваат во воспитно-образовниот процес, децата чувствуваат поголема поддршка, сигурност и љубов – највредните темели за нивната иднина.