Работилница со родители - „Што му посакувам на моето дете“

Работилница со родители – „Што му посакувам на моето дете“

Во рамките на Детската недела, во централното училиште и подрачните училишта денес се реализираше првата активност во одделенската настава со учениците од прво одделениеработилница со родители на тема „Што му посакувам на моето дете“. 💬👩‍👧‍👦

Оваа активност беше исполнета со емоции, искреност и многу љубов. Родителите имаа можност да ги изразат своите желби, соништа и надежи за иднината на своите деца, а децата – со љубопитност и насмевка – ги слушаа нивните зборови. 💖

Ваквите средби потсетуваат дека соработката помеѓу родителите и училиштето е клучна за правилен раст и развој на детето.
Кога родителите активно се вклучуваат во воспитно-образовниот процес, децата чувствуваат поголема поддршка, сигурност и љубов – највредните темели за нивната иднина. 

Галерија