Добредојде есен!

Во ПОУ Текија есента ја дочекавме со топли бои, креативни украси и многу детска радост! Нашето училиште доби нов, есенски изглед кој ја прави средината уште поубава и попријатна за сите ученици.
🙏 Голема благодарност упатуваме до родителите кои несебично се вклучија во украсувањето и со својата поддршка ја збогатија оваа активност.
🌟 Веруваме дека училиштето треба да биде простор кој ја поттикнува детската имагинација, креативност и желба за учење. Воедно, ова е прекрасна можност децата да учат заедно, да соработуваат и да се грижат едни за други и за заедничкиот простор.
📸 Есенското катче во нашето училиште не е само украс – тоа е симбол на заедништво, љубов и грижа.

Одговорни наставници
Јелена Савова
Радица Блажевска
Милена Сарафимовска
Ана Симовска
Ленче Крстевска

Галерија