European Day of Languages

Учениците од четврто и шесто одделение на 26.09.2025 година на часот по англиски јазик го одбележаа Европскиот ден на јазиците 2025 преку низа креативни и едукативни активности.
📌 Преку играта „Where am I?“ тие имаа можност да видат 20 фотографии од различни европски места и, користејќи јазични знаци и културни препознатливости, да откријат во кој град или држава се наоѓаат. Оваа активност ги поттикна да размислуваат, да споредуваат и да го користат своето досегашно знаење на интересен начин.
📌 Во улога на „Language detectives“, учениците се обидоа да препознаат кој јазик е прикажан меѓу 40 различни примери. Со оваа игра ја сфатија големата јазична разновидност во Европа, а воедно научија дека секој јазик е носител на своја култура и традиција.
Овие активности се дел од прирачникот „European Day of Languages – Activity Kit 2025“, изработен од Европскиот центар за современи јазици при Советот на Европа.
✨ На овој начин, учениците ја продлабочија својата свесност за важноста на познавањето на повеќе јазици, културната разноликост и толеранцијата меѓу народите. Јазиците се мостови што нè поврзуваат и ни овозможуваат подобро разбирање едни со други.
Одговорен наставник - Сандра Мартиновска

Галерија