ЕдуКонференција

Од 27–28 септември 2025 во Струга се одржа Седмата ЕдуКонференција, еден од најиновативните и највлијателните образовни настани во Македонија оваа година.
Се одржаа пленарни и паралелни сесии со врвни предавачи од Македонија и Европа 🌍
Се опфатија теми за вештачка интелигенција во наставата, одржливо размислување, дигитални алатки, креативност и иновации, панел дискусии, студентски демонстрации и многу инспирација.
Наставници од одделенска и предметна настава како и психологот на училиштето беа претставници од нашето училиште и имаат можност да разменат искуства со бројни квалитетни професори и колеги, студенти, гости предавачи, експерти од Финска, Турција, Бугарија, Шпанија, претставници на Европската комисија. Средбата со околу 400 наставници од цела Македонија нудеше можност да се прошират видиците за ВИ во образованието и уште еднаш да потврди дека наставниците имаат потенцијал да се носат со Вештачката интелигенција, таа треба да се гледа како уште една алатка со која би се олеснил начинот на работа. Наставниците се главните и единствени фактори кои треба да ги водат правилно децата кон иднината, а мора да се признае дека иднината веќе одамна ја живееме. Д-р Наталија Ацеска вели:
„Вештачката интелигенција нема да ги замени наставниците. Но наставниците кои ја користат вештачката интелигенција ќе бидат незаменливи“

Галерија