Меѓународен меморандум за соработка

Во периодот 24-26.09.2025 година се одбележаа низа активности на нашето училиште и ОШ „Ѓура Јакшиќ“ од Ќуприја во рамки на потпишаниот меѓународен меморандум за соработка на двете училишта.
Учениците и наставниците покрај предвидените спортски и културни активности и запознавање, проширување на знаењата ,умеењата и навиките од повеќе области и предмети, имаа можност да учат и посетуваат заеднички часови по физичко и здравствено образование и спорт, граѓанско образование, историја, македонски јазик и литература, математика, педагошко-психолошка стручна поддршка. Дополнително беа реализирани заеднички обуки и едукации, слободни ученички активности и вон наставни активности се со цел за подобрување на меѓуетничката толеранција и разбирање на народите. Оваа соработка вклучува и нашите ученици и наставници да ги посетат во следниот период во Ќуприја и повторно да учат и разменуваат ускуства. Да ги прошират своите знаења- заеднички со стремеж кон поквалитетен образовен процес на двете училишта.

Галерија