Европски ден на јазиците

Јазичната разноликост е предуслов за меѓукултурно разбирање.
Учејќи го јазикот на другиот го запознаваме неговото опкружување, неговата култура и традиција.
Оваа година ООУ„Браќа Миладиновци“ го одбележа Европскиот ден на јазиците, 26 септември , со настан во кој учествуваа ученици од нашето училиште и ученици- гости од ОУ„Ѓура Јакшиќ“ од Чуприја. Рецитиравме песни на македонски и српски јазик, учениците читаа извадоци на англиски и германски јазик, а создадовме и Дрво на пријателство.✨
Среќен ден на јазиците!
Одговoрен наставник: Анкица Димитриевска

Галерија