Интеркултурна размена и пријателство

Денес во нашето училиште имавме особена чест да ги пречекаме гостите од Република Србија – ученици и наставници од основното училиште „Џура Јакшиќ“ од Чуприја. Овој настан го одбележа почетокот на новото партнерство и соработка меѓу нашето училиште и училиштето од Чуприја, преку интеркултурна размена и пријателство.
Гостите беа пречекани со топло добредојде од страна на учениците, наставниците и раководството на нашето училиште. Преку симболичен пречек беше потврдено заедништвото, меѓусебната почит и отвореноста кон нови пријателства. Денешната програма вклучуваше дружење,спортување и активности кои ја поттикнуваа толеранцијата, интеркултурниот дијалог и размената на искуства помеѓу учениците од двете земји. Ваквата средба е значаен чекор кон градење мостови на разбирање и пријателство, овозможувајќи на учениците да ги прошират своите видици, да стекнат нови пријателства и да ги негуваат вредностите на современото, инклузивно општество.Среќни сме што имаме можност да бидеме домаќини на оваа партнерска средба и се надеваме дека успешната соработка ќе продолжи да се развива, зближувајќи ги децата и младите од двете соседни земји.

Галерија