Свечен прием на првачиња

📖✨ Со првото училишно ѕвонче започна новата учебна година исполнета со нови надежи, предизвици и радости. На сите ученици им посакуваме успешен и среќен почеток! 🌟
Особено топло ги пречекавме нашите најмали – првачињата. Директорот на училиштето Дарко Петковски им упати желби за многу успех, а градоначалникот на Општина Илинден, г-дин Александар Георгиевски, им подели ранчиња со училиштен прибор и им посака среќно патување низ светот на знаењето. 🎒✏️
Нека оваа година биде година на учење, напредок и нови пријателства.

Галерија