Отворен час на утринска програма

Учениците од четврто и петто одделение од ПОУ Мршевци, утрово имаа уникатна можност да ги покажат своите вештини во готвењето на пошироката јавност преку гостување во утринската емисија на Сител телевизија. Имено, во рамките на изборниот предмет Готвење, учениците имаат можност да ги научат различните процеси на обработка на храната, декорирање и видови оброци и сервирање. Дополнително, креираат мени со разновидна храна за која имаат желба да научат како се приготвува. Со набавка на сите потребни намирници најпосле ја подготвуваат храната и ја дегустираат

Галерија