Интеркултурна размена во Троген, Швајцарија

Во периодот 6.02 – 20.02.2024, осум ученици од деветто одделение и одделенскиот наставник Елена Карагунова престојуваа во Троген, Швајцарија како дел од интеркултурната размена во рамките на проектот „Безбедна училишна средина“. Двете седмици од нивниот престој беа исполнети со многу работилници на кои се обработуваа теми како: дискриминација, глобално затоплување, рециклирање, идентитет, стереотипи, комфорна зона, граѓански права, тимска работа и употреба на медиуми. Нашите ученици имаа можност да се запознаат и да работат заедно со ученици од Полска и Молдавија, да разменуваат идеи и искуства и да ги прошират своите хоризонти. На завршната работилница учениците имаа можност да креираат акциски план што подразбира вклучување на останатите ученици од нашето училиште во овие теми, нивна обработка преку дискусии и активности. Покрај учество во работилниците, учениците го посетија и најтуристичкиот град во централниот дел на Швајцарија како и врвот Хохер Кастен и уживаа во панорамскиот поглед не само на Алпите туку и на реката Рајна. Нивните посети го вклучија и градот Цирих, водопадите на Рајна како и природо-научниот музеј Технорама. Целиот престој беше заокружен со свечено доделување на сертификати како на учениците така и на супервизорите.

Галерија