Час по Медиумска култура - Колибри

На 1.11.2023 учениците од ПОУ Мршевци имаа час по медиумска култура. За часот да биде успешен и полн со разновидни активности придонесе присуството на новинарката Марија Таушанска која имаше задача да ги воведе учениците од петто одделение во светот на новинарството притоа задржувајќи се на неколку аспекти: што подразбира професијата новинар, како се прави интервју и кои се елементите на едно списание, како и што е потребно за едно списание да излезе од печат. Гостувањето, дружењето со учениците и интервјуто со директорот на училиштето и одделенскиот наставник се објавени во списанието Колибри на 7.11.2023 по повод 65 години постоење на списанието. Учениците уживаа во секоја минутка од дружбата и научија многу на темата.  

Галерија