Соработка за меѓуетничка интеграција

Нашето училиште денес оствари соработка со ООУ,, Кочо Рацин" с.Петровец, подрачно училиште во с. Огњанци, во спроведувањето на активностите насочени кон меѓуетничката интеграција во образованието во рамките на проектот на УСАИД чија цел е зголемување на разбирањето кај пошироката јавност за придобивките за сите граѓани што ќе произлезат од интегрирањето на образовниот систем во Македонија.

Голема благодарност до директорката на училиштето ООУ ,, Кочо Рацин'' Виолета Јаневска за остварената соработка.