Дводневна наставно-научна екскурзија

Од 15-16.5.2025 год. се реализираше дводневна наставно-научна екскурзија за учениците од шестто одделение во Источна Македонија. Учениците при оваа екскурзија се запознаа со природните убавини и културното наследство на Македонија. Ги посетија Спомен Костурница-Велес, Лесновски манастир,манастир св. Архангел Михаил- Берово,Беровско езеро,Колешински водопади,манастирот св. Успение на пресвета Богородица - Вељуса и манастирот св. Леонтиј – Водоча. Исто така се организираше прошетка низ градот Струмица. Учениците при оваа посета се стекнаа со знаења за културното богатство што го нуди нашата земја, како и за нејзините природни убавини.🌳
Одговорни наставници:Александра Стоевска и Јаким Ристовски

Галерија