Учениците од одделенска настава со нивните наставници од централното училиште се приклучија на „Генералка викенд“ преку организирање на „Еко час“, спроведен според сценарија од официјалните прирачници подготвени од МОН, УНИЦЕФ и Шведска. Учениците активно учествуваа во еколошки активности со цел зајакнување на свеста за заштита на животната средина и тоа:
- Филтрирање на вода
- Грижа за околината - Гасови
- Релјеф на континетите - Вулкан
- Природни богатства и нивна заштита-Турбина цевка
Учениците од двете подрачни училишта со своите наставници се приклучија на акцијата преку:
- чистење и уредување на училишниот двор
- засадување на цвеќиња
- начини за филтрирање вода (експеримент)
- изработка на хербариум