Во рамки на проектот Меѓуетничка интеграција во образованието, учениците од предметна настава од нашето училиште, заедно со учениците од збратименото училиште ООУ „Кочо Рацин“ – Огњанци, заеднички изработија мини-речник со зборови кои ја градат соработката, толеранцијата и пријателството.
На претходна онлајн средба, овие зборови беа заеднички преведени на јазиците кои се зборуваат и изучуваат во двете училишта. Сега тие се преточени во мини-речник кој ќе биде истакнат во ходниците на училиштето – како постојано потсетување дека пријателството нема јазични бариери.
Еден збор може да направи разлика. А заедно, зборовите градат мостови. 
Марија Митрева - англиски јазик
Емилија Стојановска - англиски јазик
Билјана Смилевска - германски јазик
Merita Imeri - Албански јазик
Марија Митровска Јовановска - Француски јазик
Nazmi Maloki- Англиски јазик