Активности по повод Велигден

Учениците од одделенска настава од подрачните училишта во Текија и Мршевци денес со многу љубов и креативност ги украсуваа велигденските јајца, во пресрет на големиот христијански празник – ВЕЛИГДЕН! 🌸🙏
Преку оваа активност, децата не само што уживаа во боите и украсите, туку и учеа за значењето на традицијата, заедништвото и радоста што ја носи празничниот дух. 🧺🎨
Негувaњето на обичаите уште од најмала возраст е важно за градење на културен идентитет, почит кон верските вредности и поттикнување на креативноста.
Им посакуваме на сите ученици, наставници и родители среќен и благословен Велигден!

Галерија